Во туѓа земја

Во туѓа земја

Цена
ден 350.00
Цена со попуст
ден 350.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

По меѓународниот успех на „Совршената дадилка“, Лејла Слимани раскажува страсна романса меѓу мароканскиот војник Амин, кој се борел на страната на Франција во Втората светска војна, и Французинката Матилда.

По завршувањето на војната, младиот пар се сели во Мекнес, Мароко. Брак, преселба, прво дете, второ дете… Илузиите наскоро се судираат со стварноста. Додека Амин ја обработува карпестата почва, Матилда се задушува од суровата клима – омразена од француските доселеници бидејќи се омажила за Мароканец и отфрлена од Мароканците бидејќи не е една од нивните. Амин, пак, иако ја сака својата сопруга, понекогаш се прашува зошто одбрал толку непокорна жена. Тие, но и сите ликови од романот, како да живеат „во туѓа земја“.

Десетте години низ кои се протегнува дејството се годините на напнатост и насилства, кои водат до независност на Мароко во 1956 година. Сите ликови во романот живеат во земјата на другите – доселеници, домородци, селани, бегалци, а особено жените, кои постојано мора да се борат за својата еманципација.

Во оваа голема фреска, прв дел од трилогија во која секој том опфаќа период од 10 години,  Слимани оживува една не многу далечна епоха и нејзините актери, со изразена хуманост, точност и префинета смисла за нарација.