Воспитувањето девојки во Чешка

Воспитувањето девојки во Чешка

Цена
ден 250.00
Цена со попуст
ден 250.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Дејството во романот почнува кога писателот и наставник по чешки јазик и литература, Оскар, ја прифаќа понудата на локалниот бизнисмен, новопечен богаташ, да ѝ одржи курс по креативно пишување на неговата постара ќерка Беата во текот на летниот распуст. Беата е нескротлива млада девојка што од револт дека нејзиниот татко насилно ја прекинува љубовната приказна со еден од неговите вработени со денови не разговара со никого.

Тешката задача да ѝ предава на младата девојка што во потполност го игнорира духовитиот учител ја завршува повеќе од успешно, па дури и се вљубува. Поточно, Оскар развива еден комплексен однос, кој опфаќа емпатија, страст и инспирација.

Сатиричен приказ на чешкото посткомунистичко општество и првите тајкуни.

Веројатно најуспешното дело на чешкиот автор, кого го споредуваат со Ник Хорнби, има и своја филмска екранизација од 1997 година.