
Трилогијата "Ловецот на вештерки" преку ноќ го прославува авторот на трилери Роџер Копонен. Но, се чини дека неговиот серијал е инспирација за серија ужасни злосторства. Убиецот ги реконструира убиствата на најпродаваните романи со многу детали - тие се крајно брутални и потсетуваат на средновековните методи на мачење. Дали е тоа некој фанатичен обожавател на серијалот?
Детективката-наредник Џесика Ниеми и нејзиниот тим се под голем притисок. Како убиецот секогаш да е на чекор понапред од нив. Се чувствуваат како да тапкаат во место, се додека не сфатат дека жртвите изгледаат затрашувачки слично на Џесика...