
Индија, 19 век. Во времето на британската колонизација, Индија се состоела од низа мали кралства кои често меѓусебно војувале. Во кралството Јанси, кралицата Лакшми Баи повела храбра побуна против моќното Британско Кралство. Нејзината гарда е составена од жени – воини. Една од нив е Сита која во дворецот ќе ја пронајде сопствената слобода, го открива значењето на пријателството но, и предавството, поради што ќе мора да открие кому и што ќе му верува.