Блажени нишки

Блажени нишки

Цена
ден 400.00
Цена со попуст
ден 400.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Колку што се големи делата на Блаже Конески, како на научен така и на книжевен план, толку се големи и неговите релации на градењето мостови меѓу луѓето. Не само на овие наши простори туку и низ целиот свет. Воспоставувал непосредни контакти и пружал рака за соработка и за пријателство, водел разговори со недобројни личности, познати и непознати.

Книгата „Блажени нишки“ е насочена кон осветлување на дел од животот и делото на големиот литературен и научен деец од агол што досега не беше јавно претставен. Тоа е неговото другарување со соученик од гимназиското школување во Крагуевац, каде што првпат се сретнал и се зближил со петтокласникот Никола Кујунџиски.

Блаже од Небрегово, Прилепско; Никола од Пехчево, Малешевско.

Иако Никола Кујунџиски се определил за друга професија, неговите поетски искри што заискриле паралелно со Блажевите, уште во средношколските денови, неговата љубов кон убавиот пишан збор и кон фотографијата и кон уметноста воопшто, биле уште една значајна нишка што ги поврзувала и ги надградувала нивните дружења и соработка.

На овие страници, преку документаристичко и впечатливо изведените опсервации, анализи, компарации и толкувања од страна на авторот, ги согледуваме почитта и поврзаноста на Конески и Кујунџиски на еден посебен и специфичен начин. Почит и поврзаност што продолжуваат и понатаму...