Ова е првиот авантуристички роман за деца на Марк Твен за Том Соер и Хаклбери Фин и е една од најпознатите и најчитаните книги во светот.
Во него е прикажан животот покрај реката Мисисипи во четириесеттите години на
19 век преку авантурите на Том Соер.
Том е јунак во очите на неговиte другари, но и постојан извор на проблеми за неговите најблиски –особено за неговата тетка Поли. Каде и да има некаква неволја или авантура – Том е таму.
За време на едно топло лето, Том е сведок на убиство, бега од дома за да стане пират, се вљубува во Беки Тачер, присуствува на сопствениот погреб, спасува невин човек од бесилка, трага по богатство во куќа со духови и наоѓа кутија со злато...