Изгубената ќерка

Изгубената ќерка

Цена
ден 470.00
Цена со попуст
ден 470.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Дали би се оддалечиле од сопственото дете само за да му овозможите спокоен живот? Кога срцето на една мајка е ставено на тест: колку болка може да издржи за повторно да си го врати своето дете – резултатите се зачудувачки...

Животот на Рејчел не е совршен, но таа е среќна. Живее идиличен живот со својот сопруг и нивната ќерка Бека – која прави срцето да ѝ експлодира од љубов. Но еден погрешен потег и униши сѐ што таа некогаш градела. Рејчел ја напушта куќата и нејзиното семејство кое толку многу го сака. Срцето ѝ е скршено – ја изневери довербата на нејзината ќерка Бека.

Повеќе ништо не е важно бидејќи ништо не е толку лошо во споредба со она што таа однатре го чувствува. Секој ден живее со вина која сѐ повеќе натежнува и се обвинува за живототот што некогаш го имаше и го изгуби. Таа не може да си прости и секој знае дека тоа што го доби, го заслужи. Но, одеднаш таа сфаќа дека работите не се такви какви што мислеше дека се и нејзиниот сопруг не е оној кој мислеше дека е: вистината за која толку многу се казнуваше е изградена од песок кој се лизга – ќерката која толку многу ја сакаше неправедно е одделена од неа…

Историска сага за љубовта и омразата, простувањето и храброста, на една жена која успева да ги надмине животните бариери и да пробие нови патишта кои водат директно до успехот. Топла приказна за мајчинската љубов која го менува животот на своето дете.