1Q84 (Книга трета)

1Q84 (Книга трета)

Цена
ден 500.00
Цена со попуст
ден 500.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

„Ова е наполно чуден свет. Од ден на ден е сè понејасна границата до каде досега теоријата, а од каде почнува реалниот свет. Што велиш Тенго, како ти, како писател, го дефинираш она што го нарекуваме реалност?“
– „Таму каде што кога ќе забодеш игла потекува црвена крв, тоа е реалниот свет.
“Течењето крв, како единствен доказ за реалниот свет, е вистинскиот слоевит муракамиевски одговор на големото прашање. Романот, покрај другото, е критика на забрзаното темпо на живеење, на технолошкиот развој, на насилството, на алчноста и на вечниот стремеж за стекнување нешта на глобално и на лично ниво. Наспроти самоуништувачката брзина на напредокот, постои и оној, најважниот сегмент на човековиот живот, каде што, како што истакнува авторот, времето го губи значењето.
Изобилноста на теми и случувања од првите два дела, во третиот се сведува на љубовна приказна во која, нереално, а сепак можно, само еден допир на раката не ја губи јачината на уживањето ни по дваесет години разделеност. На крајот, без да одговори на сите прашања, авторот умешно нè остава во дилемата дали станува збор за класична отворена нарација, во која толкувањето им се остава на читателите, или, сепак, е оставена подотворена врата за дооткривање во некои идни дела.