Убиствата на Алиса

Убиствата на Алиса

Цена
ден 350.00
Цена со попуст
ден 350.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Младата стипендистка Кристен Хил работи на истражување со Братството Луис Карол и открива необјавена страница од дневникот на славниот автор на „Алиса во земјата на чудата“, која била искината и загубена во 1863 година. Подготвувајќи се да го објави откритието што ќе фрли нова перспектива на деликатното и контроверзно поглавје од животот на писателот, девојката е дивјачки прегазена од автомобил.

Следуваат серија злосторства што се чини дека имаат цел да спречат да се обелодени тајната на таа страница.

Кој сака да го убие носителот на пораката? Кој се крие зад серијата злосторства? Кој и зошто ја користи книгата за Алиса за да убива?

Угледниот професор по логика Артур Селдом и еден студент по математика од Аргентина ќе се обидат да разоткријат серија грозоморни убиства инспирирани од оваа култна книга.

Гиљермо Мартинес успева да создаде детективски роман што, според традицијата на Борхес и Еко, умешно ја внесува полициската тематика во литературата.