Повикот на кукавицата

Повикот на кукавицата

Цена
ден 550.00
Цена со попуст
ден 550.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Број 1 интернационален бестселер.

Напнат крими-роман сместен во атмосферата на Лондон – од тивките улици на Мејфер, преку пабовите во зафрлените улички на Ист Енд до бучавата на Сохо.

Една снежна вечер манекенката Лула Ланди ќе падне од балконот на својот апартман. Нејзиното проблематично однесување ќе ја наведе јавноста да заклучи дека станува збор за самоубиство. Меѓутоа, нејзиниот брат не го дели општото мислење. Тој го најмува приватниот детектив Корморан Страјк да го испита случајот.

Страјк е воен ветеран, со многу проблеми и на физички и на психички план. Неговиот живот се распаѓа, така што истрагата околу смртта на познатата манекенка ќе му се види како појас за спасување. Случајот го втурнува во светот на мултимилионерските убавици, рок-естрадата и очајните дизајнери, свет исполнет со разновидни задоволства, искушенија, пороци и заблуди. Откривајќи шокантни тајни, детективот ќе влезе во срцето на опасноста.

Можеби мислите дека веќе знаете сè за детективите, но никогаш не сте сретнале некој како Страјк. Можеби мислите дека знаете сè за богатите и славните, но никогаш не сте ги виделе во истрага како оваа.