Го имам твојот број

Го имам твојот број

Цена
ден 420.00
Цена со попуст
ден 420.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Го изгубив ... :( Единственото нешто на светот што не смеев да го изгубам. Мојот веренички прстен, кој е семејно наследство три генерации. И сега, баш дента кога треба да дојдат неговите родители, јас го изгубив. Баш тој ден! Остани присебна, Попи!

Попи Вајат никогаш немала поубав период во животот. Таа наскоро треба да се омажи за нејзиниот совршен вереник Магнус, но нејзината идилична иднина почнува да се распаѓа за само едно попладне. Прво го губи скапиот веренички прстен, а во моментот на паника што следи, ѝ го крадат мобилниот телефон. Додека избезумено шета во хотелот каде што се случува сето тоа, забележува еден фрлен телефон во корпа за отпадоци. И се разбира дека си го зема! Мора да им остави број во хотелот за да ја контактираат ако ѝ го најдат прстенот. Совршено!

Меѓутоа, сопственикот на телефонот, Сем Рокстон, не се согласува. Тој сака таа да му го врати мобилниот и не сака Попи да му ги чита пораките и да му душка во приватниот живот. Следи комичен пресврт на настаните додека Попи и Сем делат телефон, ѕиркајќи си еден на друг во животите. Попи се подготвува за свадба и ја крие левата рака од Магнус и неговите родители, но набрзо сфаќа дека ја чека најголемото изненадување во животот.