Мрежата на злото

Мрежата на злото

Цена
ден 440.00
Цена со попуст
ден 440.00
Цена
ден 490.00
Распродадено
Unit price
per 

Детективката Џесика Ниеми решава нов случај: Лиза Јамамото, една од најуспешните инфлуенсери во Финска, исчезнува по забавата во Хелсинки. Исчезнува и нејзиното поранешно момче Јасон. Неколку дена подоцна, на нивните профили на Инстаграм ќе биде објавена чудна слика на која се гледа светилник на карпест остров во море. Под сликата застрашувачки стихови ја опишуваат нивната смрт. Во исто време, на плажата е пронајдено тело на девојка. Дали има врска помеѓу оваа жртва и исчезнатите инфлуенсери?

Детективката Џесика Ниеми и нејзините колеги се вклучуваат во истрагата и откриваат дека Лиза и Јасон не го живееле среќниот живот што го прикажувале на социјалните мрежи, туку се вмешани во нешто многу мистично и мрачно. Длабоко закопаните тајни излегуваат на површина додека минатото се подготвува да ја стигне Џесика и да ја уништи.