Злосторство и казна - ТОМ 2

Злосторство и казна - ТОМ 2

Цена
ден 250.00
Цена со попуст
ден 250.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Првиот голем роман од зрелата фаза на Достоевски, „Злосторство и казна“, е едно од оние книжевни ремек-дела што се длабоко врежани во колективната човечка меморија – од насловот до последната страница. Пишуван во најбурниот период од животот на авторот (враќање од Сибир, смрт на неговата сопруга и на неговиот брат, затворање на „Епоха“, коцкарски долгови), „Злосторство и казна“ сè уште е ненадмината психолошка студија на престапот.

Родион Романович Раскољников – лик базиран на францускиот поет-убиец Пјер-Франсоа Ласенер – е поранешен студент по право кој живее во малечка изнајмена соба во Санкт Петербург и кој е убеден дека неговата морална супериорност му дава право, во име на повисоко добро, да ги заобиколи или да ги пречекори овоземските човечки закони. Својата прото-ничеанска природа Раскољников ја испитува уште на почетокот на романот: ја убива лихварката Аљона Ивановна – и, непланирано, нејзината сестра Лисавета – со намера нејзиното неправедно стекнато богатство да го искористи во добри цели. И оттука Достоевски го преселува експериментот во лавиринтите на умот од Раскољников, каде што спомените на смртта и алтруистичките пориви се соочуваат со сета непредвидена реалност на стравот и нечистата совест.

Сметан од Томас Ман за „најголемиот криминалистички роман на сите времиња“ и позитивно спореден со опусот на Пруст, и еден и пол век по своето создавање, „Злосторство и казна“ не престанува да возбудува и да поставува прашања чиишто одговори, во отсуство на религиозната вдахновеност на Достоевски, изгледаат сè помрачни и подалечни.