Зад црвените чадори

Зад црвените чадори

Цена
ден 400.00
Цена со попуст
ден 400.00
Цена
ден 450.00
Распродадено
Unit price
per 

Предрасуди, дискриминација, стигматизација, вербално осудување, насилството, се само дел од мозаикот наречен живот на еден сексуален работник. Ако сакаме да изградиме добри меѓучовечки односи треба да водиме постојана битка против овие појави. Благодарение на граѓанскиот активизам, постигнат е голем напредок во врска со генералната слика и ставот за ликот на сексуалниот работник.

Покрај тоа што е одличен општ вовед во темите поврзани со сексуалната работа, оваа книга обрнува и особено внимание сексуалните работници како жртви на различни видови насилство. Анализата ги опфаќа нивните психосоцијални карактеристики, причините кои довеле да бидат жртви, мотивот тие да пријават или да непријават насилство, нивниот став кон насилникот, нивните идеи за промена на статусот жртва на насилство и регулирањето на сексуалната работа.