Нека замириса целиот дом!
Запознајте ги мирисливите свеќи на candlenest.co изработени од домашен пчелин восок и чисти есенцијални масла. Секоја свеќа има специфичен бленд на мирисни ноти кои дополнително ќе ве опуштат додека уживате читајќи ја омилената книга.
За печениот восок:
Свеќите се направени од домашен пчелин восок кој е најчист и најприроден начин кој овозможува освежување и прочистување на воздухот. Свеќите од пчелин восок не испуштаат штетни материи при нивното согорување.
Природната жолтеникава боја е препознатливиот изглед на пчелиниот восок и дополнително придонесува до создавање на пријатна и топла атмосфера.
За природните есенцијални масла:
Избрана е богата мешавина на есенцијални масла кои истакнуваат уникатни мирисливи ноти кои не го принудуваат воздухот во вашата просторија.
Дополнителни спецификации:
Секоја candlenest.co свеќа е рачно изработена во мали количини, со цел создавање единствено искуство направено со посебно внимание.
Со употреба на еколошки и природни материјали при изработка на свеќите се потенцира одржливиот начин на живот. Производите се спакувани во рециклирани материјали, а минималистичкиот пристап стреми кон избегнување на прекумерна употреба на амбалажа која дополнително ја загадува природата.