Мистеријата на трите четвртини

Мистеријата на трите четвртини

Цена
ден 400.00
Цена со попуст
ден 400.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Третиот случај на легендарниот белгиски детектив Херкул Поаро е уште една ингениозно заплеткана мистерија што може да ја реши само неговиот генијален ум. Обожавателите на Агата Кристи ќе добијат уште една интелигентна детективска сложувалка, која мајсторски ја плете нејзината наследничка Софи Хана.
Враќајќи се од ручек, Херкул Поаро еден ден пред својот дом затекнува налутена и бесна жена. Инсистира Поаро да ѝ објасни зошто ѝ испратил писмо во кое ја обвинува за убиство на извесен Барнабас Панди, човек за кого таа ниту слушнала ниту го видела претходно.


Но ни Поаро нема чуено за такво лице, а уште помалку обвинил некого за неговото убиство. Видно вознемирен влегува дома, каде што го чека уште еден непознат посетител што исто така тврди дека утрово примил писмо со обвинение од Паоро за убиството на Барнабас Панди.
Зачуден и изненаден, Поаро се прашува уште колку такви писма се испратени во негово име. Кој и зошто ги испратил? И што е уште поважно, кој е Барнабас Панди и дали е навистина мртов?