Убиствата во Бејоглу

Убиствата во Бејоглу

Цена
ден 500.00
Цена со попуст
ден 500.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Да се направи фотографска изложба, во која темата се убиствата во еден од најживописните квартови на Истанбул – Бејоглу. Таа чудна идеја завладеа со Кенан, богат и амбициозен педесетгодишен авантурист по душа, трагач по силни емоции и слава. Во возбудливиот проект се вклучуваат и неговите најблиски пријатели од ученичките години Селим и Нихат. Прекрасната Русинка Катја исто така е привлечена и станува дел од тоа машко друштво. Две убиства, на младич и девојка, го привлекуваат вниманието на Кенан и во него ја отвораат желбата да ги истражи. Сликите ги водат до мистичната врска на двајцата млади со Никола Фламел, средновековен алхемичар… И до неговата возрасна истражувачка од Париз ‒ Катрин Варшан. Среде историските знаменитости на Истанбул и Париз, во напнатото секојдневие на големиот град се случува комплексно и драматично истражување. Трагичното финале на овој криминален роман е меѓу најнеочекуваните пресврти во психолошки крими трилери на авторот Ахмет Умит.