Живот - Мојата приказна

Живот - Мојата приказна

Цена
ден 300.00
Цена со попуст
ден 300.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Животот е борба. А колку потешка е борбата толку послатки се плодовите, толку посладок е животот.

Ниту еден живот не е обичен, но некои животни приказни имаат малку понеобичен тек. Таков е животот на еден човек кој доживеа многу и пропатува на најразлични места во светот запознавајќи многу луѓе, но запознавајќи се и себеси... И тогаш реши стварноста што ја живее, а која и ти ја живееш, да ја запише на картони. Веројатно веќе знаеш за кого зборуваме. Е па, Кристијан е многу повеќе од Човекот со картоните.

 

Запознај го одблизу и ѕирни колку „Живот“ се крие во неговата енергија. Да, многупати нè насмеал, но сега е време да дознаеме што се крие зад неговата насмевка. Зашто насмевките не кријат секогаш среќа. Понекогаш таму има и разбранувано море. Убавината е да научиш да пловиш и по него. Кристијан нека биде капетанот, а бродот, драги гледачу на животниот филм на Бомбакис, е токму оваа книга што ја држиш во рацете.

 

П. С. Внимавај при пловењето, понекогаш е тешко да се одржува рамнотежата кога едната страна на морето те смее, а другата те расплакува.