Инспирирај се за промени

Инспирирај се за промени

Цена
ден 300.00
Цена со попуст
ден 300.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

„Секој има своја приказна. Секој има свој пат, со свои предизвици, со угорнини и падови. И мојата е таква, не е права монотона линија. Во животот поминав многу предизвици. Ако ми кажеш дека нешто те боли, те разбирам, ме болеше и мене, многу. Ако ми кажеш дека те отфрлија, те разбирам и знам како ти било. Ако ми кажеш дека те повредија, те навредија, пак ќе те разберам и тоа им го дозволив. Ако ми кажеш дека некого изгуби, знам како ти е и јас изгубив. Знам што е болка, знам што е тага, знам што е отфрленост. Но, знам и што е храброст, упорност и борба за подобро јас, од тоа што бев вчера. Никогаш не се откажав се борев на начин на којшто знаев. И секогаш, во сè давав 100 %.“

„Инспирирај се за промени“ е трогателна, но истовремено и охрабрувачка приказна за еден навидум сосем обичен пар, изгубен во премрежјата на секојдневието, кој наоѓа доволно сила и мудрост да го препознае патот надвор од тунелот. Задолжително четиво за сите што се обесхрабрени од навидум несовладливите предизвици на современото живеење.