САФАРИ НА ДУХОТ – Приказни за будење на мудроста

САФАРИ НА ДУХОТ – Приказни за будење на мудроста

Цена
ден 650.00
Цена со попуст
ден 650.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Овие приказни за деца се своевидно продолжение на книгата „Сафари на духот – Книга за мудроста на воспитувањето деца“ од Ана Бучевиќ, која им се обраќа на родителите со желба да спознаат како мудроста на воспитувањето започнува со работата на себе како родител. Основната порака на таа книга е дека децата се огледало на родителите, а изразот „такво си е детето“ е можеби една од најголемите заблуди на минатото и на сегашноста. Време е да спречиме да стане дел и од иднината. И тоа е одлична вест за сите родители.

Оваа книга им се обраќа на децата со посредство на приказните, во кои подеднакво ќе уживаат и родителите и децата, кои ќе ги потсетат на вистинските вредности, оние што ни осигуруваат радосен и исполнет живот, преполн љубов, пријатели и среќни односи, живот што на крајот ќе биде исполнет со прекрасни спомени.

Во денешното општество вредностите се поставени погрешно, а ги немаат поставено децата. Тие упорно се обидуваат да нè потсетат што всушност е животот. И ни го носат најубавиот подарок – повторното детство.

Ако го сакате најдоброто за своите деца, оваа книга е ваш избор!