Разбуди го родителот во себе : како родителството да стане уживање

Разбуди го родителот во себе : како родителството да стане уживање

Цена
ден 600.00
Цена со попуст
ден 600.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

„Книгата изобилува со применливи техники и активности што им овозможуваат на родителите непосредна позитивна интеракција и комуникација со децата и нивно мотивирање за позитивни промени“, д-р Олга Мурџева-Шкариќ, доктор на психолошки науки.

„Често на моите клиенти им велам дека треба да ја развиваат и да ја користат мудроста на родителството. Токму тоа Соња го нуди во својата книга, ги споделува нејзините и научните мудрости на родителството и мајчинството“, проф. д-р Сашо Кочанковски, доктор на психолошки науки и гешталт-терапевт.

„Методички практикум со кој авторката се впушта во најенигматичната и најблагородната мисија: ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА. Книга што има футуролошки димензии не само од научен аспект, како практичен труд, туку и од комерцијален аспект, наменета за најширокиот пазар: родители, детски градинки, основни училишта, библиотеки итн.“, проф. д-р Владимир Михајловски, дипл. психолог, дипл. педагог.

„Силно емотивно, практично потврдено, применливо, разбирливо и интелектуално достапно четиво не само како прирачник за секојдневна практика во меѓусебната комуникација родител-дете туку и за широк аудиториум од воспитувачи, наставници, специјализирани и стручни и нестручни лица во темата. Со надеж дека во ова време на социјална дистанца и меѓусебно отуѓување четивото ќе го пронајде патот до срцата на најшироката јавност, најтопло го препорачувам како неопходно потребно и особено полезно, како во процесот на учењето на родителството, така и во секојдневната општа комуникација“, Зорица Ангеловска, психолог, лиценциран стручен работник, лиценциран воспитувач во пензија, обучувач за практична примена на вештини за комуникација на родители, воспитувачи и наставници.

„На јасен и неверојатно читлив јазик, авторката се обраќа непосредно, не од позиција на надмен научен авторитет, туку од позиција на ’паталец‘, кој со уверлива искреност ги пренесува сопствените размислувања и искуства. Примерите од личното искуство ù даваат посебна уникатност и шарм на книгата“, Силвана Нешковска, универзитетски професор, мајка на две деца.

„Книга во која ќе се пронајде секој родител“, Весна Димовска, академски сликар, мајка на две деца.