Собата на пеперутките

Собата на пеперутките

Цена
ден 550.00
Цена со попуст
ден 550.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Поузи Монтакју се приближува до својот седумдесетти роденден. Адмирал хаус, нејзиниот сакан дом од детството, сместен во прекрасната околина на Сафок и место каде ги одгледала своите синови, полека се распаѓа. Таа е свесна дека мора да донесе тешка одлука, да се продаде имотот. Но оддеднаш, се појавува Фреди, нејзината прва љубов кој ја напуштил и ја оставил со скршено срце педесетина години порано.

Борејќи се да излезе на крај со својот постар син, Сем и неговите матни бизнис-зделки, кои замалку не го доведуваат неговото семејство на улица, како и враќањето на другиот син, Ник, во Англија, Поузи не е сигурна дали може да му верува на Фреди и неговата љубов. А, тој и Адмирал хаус долги години кријат страшна тајна. Фреди знае дека ако сака да го продолжи животот со Поузи, одново ќе ѝ го скрши срцето.

Ова е приказна за тоа како една лага од минатото може да уништи цел живот исполнет со верувања...