Не сум виновна

Не сум виновна

Цена
ден 450.00
Цена со попуст
ден 450.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Федералното истражно биро побарало психијатриска процена на една од најпознатите затворенички во државата. Случајот и е доделен на докторката Хана Рајс, која оди во озлогласениот женски затвор во Индијана.

По спектакуларно бегство од затворот во кој била сместена првобитно, Сара Потер е фатена и повторно затворена. Во текот на неизвесната и исцрпувачка истрага, докторка Рајс доаѓа до вчудовидувачки откритија, истовремено составувајќи го мозаикот на комплексната личност на Сара.

Во голема мера различни, двете жени на необичен начин се зближуваат и стануваат сојузнички, кога ќе сфатат дека животот им е во опасност.

"Беа соучеснички во болката, во животот што беше тежок и неправеден, но од кој човек не смееше да се откаже. Зошто животот е дар што човек не може тукутака да го отфрли, да му го подари на друг или да го скрие во кутијата со спомени. И покрај се, вреди човек да се бори за него..."

Во својот најнов роман "Не сум виновна", Јелена Бачиќ Алимпиќ, авторката на многубројни бестселери, виртуозно ја раскажува интригантната приказна за судбината на две жени што се нашле пред бездната на животот, но и опстанале благодарение на храброста, упорноста и борбата.