На бал со кралот

На бал со кралот

Цена
ден 690.00
Цена со попуст
ден 690.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Приказна за женската смелост, за гламурот, за желбите и страстите... и како една одамна загубена љубов може да биде пронајдена неколку генерации подоцна... Едно мајско утро во 1664 година четири момчиња галопирајќи на коњи влегоа во селото Версај. Темните пурпурни и смарагдно зелени пердуви од нивните шешири се виореа зад нив, а разграканите гуски бегаа пред нив на сите страни. „Требаше веќе да стасаме ваму пред неколку часа“, им викна Огистен Русје на своите другари и ги стегна уздите на коњот така што се поткрена на задните нозе, запирајќи го за да го набљудува вжештениот амбиент. „Според ова што го гледам, веројатно сите преноќишта се веќе зафатени.“ Улиците со длабоко засечени траги од колца врвеа од угледни луѓе на коњи и во кочии, коишто во ваквото селско опкружување не се чувствуваа како дома во Париз, откај што беа дојдени повеќето. Сонцето светкаше на позлатите од кочиите и коњската опрема, а во топлиот воздух се креваше прашина што ја создаваа копитата и тркалата. Шестотини припадници на благородништвото беа поканети на првата голема свеченост што ќе се одржи во околниот ловечкиот дворец, којшто беше многу мал и каде што ќе може да ги собере само малобројните кралеви и посебни гости.