Меден месец

Меден месец

Цена
ден 490.00
Цена со попуст
ден 490.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Што сè може да се случи за време на медениот
месец кога одиш со твојот најголем непријател
– романтична комедија на една од
најпродаваните авторки на „Њујорк тајмс“.

Олив Торес е навикната да биде баксузната близначка. Од необјасниви несреќи до
неодамнешно отпуштање, нејзиниот живот се чини дека е речиси трагикомичен.
Спротивно на тоа, сестра ѝ Ами е вечна шампионка… дури успеа да ја финансира целата
своја венчавка, победувајќи на многу наградни игри. За Олив, единственото нешто што е
полошо од постојаната лоша среќа е денот на венчавката да го поминете со кумот (својот
најголем непријател), Итан Томас.
Олив се подготвува за свадбен пекол, решена да го помине со монтирана лажна
насмевка на лицето. Но, се случува токму спротивното, свадбената забава тргнува на лошо
за сите, освен за Олив и Итан. За да не пропадне добиениот меден месец на Мауи како
награда, Олив ќе мора да се одлучи на привремено примирје со Итан за да ужива во рајот.
На крајот на краиштата, вреди десет дена да се преправа дека е на меден месец, нели? Но,
чудно е тоа што… Олив нема ништо против да се преправа. Всушност, колку повеќе се
преправа дека е најсреќната жена на светот, толку повеќе се чувствува како да е.

„МЕДЕН МЕСЕЦ“ е роман за секој оној што некогаш
се почувствувал несреќен во љубовта.