Куќа без прозорци

Куќа без прозорци

Цена
ден 500.00
Цена со попуст
ден 500.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Живописна, незаборавна приказна за едно тешкозамисливо сестринско поврзување – емоционално моќна и незаборавна сага за пријателството, сторија што фрла светлина врз маките на жената во една традиционална култура.

Цели две децении Зеба била сопруга полна со љубов, стрплива мајка, мирна селанка. Но, нејзиниот тивок живот се урива кога нејзиниот сопруг Камал е пронајден убиен со секира во дворот од нивната куќа. Речиси сосема одземена од шокираност, Зеба не е во состојба да каже каде била и што правела во моментот на неговата смрт. Нејзините деца се колнат дека е невозможно мајка им да извршила таков морничав чин. Семејството на Камал е сигурно дека таа го сторила тоа и бара правда. Зеба за малку избегнува да биде линчувана од одмаздничката толпа, уапсена е и однесена в затвор.

Додека чека судење, Зеба запознава група жени, чијашто несреќна судбина ги донела во овие мрачни ќелии: 18-годишната Нафиса, затворена за да биде заштитена од крвна одмазда; 25-годишната Латифа, која како тинејџерка избегала од дома, но уште останува во затворот бидејќи тука наоѓа безбедно засолниште; 22-годишната Мезган, бремена и немажена, која чека судот со налог да го присили нејзиниот љубовник да се ожени за неа. Ладнокрвен убиец ли е Зеба, се прашуваат младиве жени, или, како и тие, е фрлена в затвор зашто прекршила некое правило на општеството? Затворот за овие жени истовремено е и прибежиште, и казна; тргнати настрана од надворешниот суров свет што не простува, тие меѓусебно се поврзуваат во жива и неуништлива сестринска врска.

Во овој затворен свет доаѓа Јусуф, адвокатот на Зеба, млад Авганистанец роден овде, а пораснат во Америка, кој се вратил поради личната посветеност кон борбата за човекови права и поради желбата да ѝ помогне на својата родна земја. Судбината на оваа навидум сосема обична домаќинка е во негови раце, а тој открива дека, како и самиот Авганистан, неговата клиентка, можеби, воопшто не е тоа што тој замислува дека е.

Трогателен приказ на животот на авганистанските жени во денешно време, Куќа без прозорци е неверојатно, застрашувачко и триумфално четиво.

 

Автор на рецензијата: Денис Бојаров