Пат кон бескрајот

Пат кон бескрајот

Цена
ден 600.00
Цена со попуст
ден 600.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Професорот Стивен Хокинг е еден од најпознатите и највлијателни научници на нашето време и автор на бестселерот „Кратка историја на времето“, продаден во над 25 милиони примероци. Во овие неодоливи мемоари, неговата прва жена, Џејн, ја открива тајната приказна за овој необичен брак.

Во текот на шеесеттите години од минатиот век, Стивен Хокинг, за време на студиите по космологија на Кембриџ, се вљубува во Џејн. Посветен на љубовта и на науката, овој брилијантен млад човек не насетувал дека ќе го затече болест поради која ќе биде осуден на доживотна битка за опстанок.

Џејн несебично одлучува да остане покрај него, а љубовта и безусловната поддршка им влева храброст да основаат семејство. Додека телото на Стивен се менува од година во година, соочувајќи се со голема болка и ограничувања, неговиот ум неуморно тежнее да ги истражи крајните граници на теоретската физика.

Преку голем број несогласувања, но и искрена приврзаност, тие двајца им пркоселе на препреките и заедно оствариле повеќе отколку што можеле да сонуваат.

Би рекле дека неговиот блескав ум го промени нашиот свет, а нејзината бескрајна љубов го промени него. Книга полна со оптимизам, љубов, борба и промена, која ќе допре до секој читател.

Оскаровскиот филм „Теорија за сѐ“ од 2014 година е снимен според оваа книга.

 

„Џејн говори за својот поранешен сопруг со многу топлина, искреност, почит.“

Сандеј експрес