Души Близнаци низ дванаесетте димензии
Души Близнаци низ дванаесетте димензии
  • Load image into Gallery viewer, Души Близнаци низ дванаесетте димензии
  • Load image into Gallery viewer, Души Близнаци низ дванаесетте димензии

Души Близнаци низ дванаесетте димензии

Цена
ден 890.00
Цена со попуст
ден 890.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Што се случува со нашите паралелни животи на другите планети во универзумот? Како тоа влијае на овој наш сегашен Земен живот? Кој и какви сме ние таму?

Што се случува на Плејадите, Сириус, Андромеда и Венера? Кој ја надгледува оваа планета? Што значи „каснувањето на забранетото овошје“ на Адам и Ева?

Како е создаден универзумот? Зошто имаме развиено само 2 спирали од нашата ДНК, а останатите 10 мируваат? Каде одиме како човештво?

144 000 близнаци моментално се инкарнирани на Земјата со цел да се подигне целокупната свесност на 4Д. Тоа се светлосните работници, наречени ѕвездени семиња и нивниот број од година во година се зголемува. Секој од нас направил договор уште пред да се роди на Земјата, каков живот ќе живее и со кого. Каде сме биле пред тоа? Каде ќе одиме потоа?

Што крие нашата душа од нас? Како интуицијата и третото око ги препознава знаците пратени од универзумот? Како можеме да ги откриеме нашите паралелни животи и како можеме да дознаеме за нашите претходни?

Ако ние сега го врвиме Армагедонот, процес што трае од 2012-2026, не е далеку ниту второто Христово доаѓање, но не во облик на човек туку во енергетска вибрација која води до БЕЗУСЛОВНА Љубов.

Преку безусловната љубов на близначката љубов на Аурора и Аполон и нивните истовремени животи на различни планети низ универзумот, со различно ниво на свесност, ќе доживеете едно егзотично патување низ ѕвездите, за повторно да се вратите на Земјата, разбудени и свесни, освежени и исполнети со љубов, мир и спокој.

Дали сме подготвени да се сетиме КОИ СМЕ? Како ќе се сетиме? Каде се кријат одговорите? Ова ли е мојот живот? Има ли уште нешто? Ја слушам ли душата? Што знае таа, а јас не знам? Зошто ми се случува ова што ми се случува? Зошто токму мене? Зошто сега? Зошто токму тој човек? Дали сум со вистинската личност? Љубам ли? Ме љуби ли? Дали живеам свесно? Каков план направиле нашите души уште пред да се родат на оваа планета?