Мојот неодолив сосед

Мојот неодолив сосед

Цена
ден 420.00
Цена со попуст
ден 420.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Првата ноќ откако Керолајн се вселува во нејзиниот фантастичен нов стан во Сан Франциско, таа сфаќа дека интимно се запознава со ноќните авантури на нејзиниот нов сосед. Благодарение на ѕидовите тенки како хартија и атлетската моќ на момчето, таа може да го слушне не само неговиот кревет како удира во ѕидот, туку и екстатичниот одговор на она што изгледа (секоја ноќ сè погласно и погласно) како бескрајна парада на девојки.

Керолајн моментално е на самонаметната пауза од состаноци, но нејзиниот сосед е очигледно смртоносно привлечен за жените, па таа открива дека нејзините фантазии ја држат будна дури и подолго од вревата. Па, кога удирањето на ѕидот се заканува буквално да ја турне од креветот, Керолајн, облечена во сексуална фрустрација и розово неглиже, се соочува со Сајмон Паркер, соседот што го слуша, но никогаш не го видела. Напнатоста меѓу нив е голема колку што ѕидовите се тенки, а последиците од тоа се исто толку збунувачки. Одеднаш, Керолајн сфаќа дека можеби открила сосема нова дефиниција за меѓусоседските односи...

Во неодолива мешавина од забавно и жешко, Алис Клејтон приготвува врела и урнебесна приказна за вознемиреност на прв поглед...


„Внимавај на ѕидовите што ги градиш и
на она што може да биде од другата страна.“

Конфучие